| четврток, 6 декември 2018 |

МКЦ награден за особен придонес во развојот на алтернативната македонска музика

Младинскиот културен центар (МКЦ) е добитник на почесна награда за особен придонес во развојот на алтернативната македонска музика, во рамки на манифестацијата МАН (Македонски алтернативни награди), соопштија од МКЦ.
unnamed
МАН имаше идеја и цел да ги награди односно одбележи сите субјекти кои во текот на изминатите години ја градеа, одржуваа во живот и етаблираа алтернативната музика во Македонија. Во саботата, на 30 мај, на сцената на популарната „Школка“ во Градски парк, продефилира значителен дел од артистите и музичките соработници кои со години се „перјаници“ на алтернативната музика и култура воопшто.
Награди од МАН добија и Архангел, Анастасија, САФ, Бернајс Пропаганда, Фрешко, Логин, Шурбе, Канал 103…
„Наградата за МКЦ значи одговорност и обврска за продуцирање нови програмски активности кои ќе придонесат во развојот на сцената и ќе ја „урбанизираат“ скопската културна понуда. Благодарност до организаторот и искрена желба за континуитет на МАН, секако со надеж за прогрес на македонската алтернативна музичка сцена“, велат од МКЦ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top