Читатели на Република од Кичево попладнето ни ја испратија фотографија од местото каде што група Албанци денеска се обидоа да го симнат државното знаме од јарболот поставен на главната улица во градот, со порака дека нема да дозволат да се тргне оттаму.
Групата вандали не успеаја во намерата да го отстранат знамето, затоа што Македонците кои живеат во близина ги спречиле во намерата и повторно го вратиле знамето на јарболот.
Фотографијата е направена откако знамето повторно е вратено на јарболот, а поради опасноста повторно да биде мета на вандали, Македонците организираа ноќна стража.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




