Едно лице загина, а двајца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа во 21.40 часот на магистралниот пат А1 Градско – Прилеп на крстосницата кон село Сирково, поточно на бензинска пумпа „Црна Река петрол“, кога патнички автомобил марка БМВ со кавадаречки регистерски ознаки удрил во бетонска ограда.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на автомобилот и двајцата сопатници од село Сирково на возраст од 17 и 20 години. Трите повредени лица се пренесени во Ургентен клинички центар Скопје, каде што возачот Благоја Д. (22) од село Сирково им подлегнал на повредите – изјави Анита Стојковска, портпаролка на СВР Велес.
Увид на самото место изврши јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци и увидна екипа од полициска станица Кавадарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил