| четврток, 6 декември 2018 |

Покраински избори во Австрија: Неочекуван успех на десницата, „силна шлаканица“ на власта

avstrijaНа изборите во австриските покраини Бургенланд и Штајерск, гласачите вчера ѝ „удрија тешка шлаканица“ на власта, а воедно придонесоа за неочекувано силно зацврстување на десницата.

Во Штаерск, десничарската Слободарска партија остварила историски резултат освојувајќи 27,1 проценти од гласовите, 16,5 проценти повеќе отколку на минатите избори.

Со тоа, оваа партија ги стасала владејачките Социјалдемократската партија и Народна партија.

Според првичните резултати, социјалдемократите освоиле 29,2 проценти, губејќи дури 9,2 проценти од глсачкото тело, а Народната партија добила 28,5 проценти од гласовите, 8,6 проценти помалку од минатите избори.

И покрај големата загуба, владејачките партии планираат и понатаму да ја продолжат соработката, а нивните лидер истакнале дека коалиција со победникот на изборите не е опција.

Како и во Штајерск и во Бургенланд, победник на изборите се десничарите, затоа што успеале да го поправат својот резултат за шест отсто, додека социјалдемократите загубиле 6,3 проценти, а Народната партија 5,5 проценти од гласачкото тело.

Одличните резултати на покраинските избори ги поттикна десничарите да се надеваат на голема победа во Виена каде што изборите ќе бидат одржани на 11 октомври, а на кои лидерот на партијата се стреми кон освојување на 30 проценти од гласовите со што би ја отежнал позицијата на Социјалдемократите кои би ја изгубиле можноста да ја заобиколат оваа партија при носењето важни одлуки.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top