И вториот натпревар во финалето од плејофот во Македонската кошарска лига меѓу Куманово и МЗТ заврши со тензии, неизвесност, но и со квалитетна кошарка.
МЗТ Скопје направи брејк на гостински терен и стигна до 2-0 во серијата до три победи, по едно продожение откако во регуларниот дел по четири четвртини натпреварот заврши 88-88, а по продолжението се радуваа гостите со 107-102.
Се чини сепак Марко Симоновски е јунакот за „металците“ бидејќи постигна два поени во последната секунда од регуларниот дел.
Куманово одигра одлично во првите три четвртини градејќи ја предноста до крајот на третиот период кога дојдоа до високи 11 разлика (76-65). Во последниот период кога сите мислеа дека Куманово ќе го израмни резултатот, избраниците на Алеш Пипан не се предадоа и со пет едноподруго тројки (две на Симоновски и три на Шеховиќ) дојдоа до предност, но тука застанаа. Играчите на Куманово повторно ја презедоа играта и со серија од 7-0 дојдоа до солидна предност на две минути до крајот. На две секунди до крајот Александар при резултат 88-85 за Куманово, на линијата за слободни фрлања се најде Александар Чапин по фаулот на Костовски, Тој го погоди првото слободно, а второто намерно го промаши и во целата таа мешаница топката дојде до Симоновски кој реализираше за продолжение.
А, во продолжението МЗТ Скопје дојде до триумфот, благодарение само на промашувањето од линијата за слободни на домашните кошаркари. На една минута пред крајот Јанески при 99-101 промаши две слободни фрлања, и потоа „металците“ го одведоа натпреварот до конечна победа од 102-107.
Најефикасен кај Куманово беше Џекиќ со 23 поени, Луковиќ имаше 20 поени, а Мандиќ – 19 поени, додека Костовски и покрај тоа што заврши со 6 поени, имаше извонредни 12 асистенции.
Во победничкиот тим на МЗТ Скопје, Шеховиќ беше одличен со 23 поени и 12 скока, херојот Симоновски, кој донесе продолжение, имаше 21 поен, а Мијатовиќ заврши со 19 поени. Чапин за малку остана без „дабл-дабл“ со 16 поени и 9 скока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.