Во зоната на борбени дејствија во побунетиот рускојазичен регион Донбас на истокот на Украина, присутни се наемници од САД, Груција и Полска, па и од арапските земји, кои војуваат на страната на Вооружените сили на Украина, изјави во неделата претставникот на ткн министерство за добрана на самопрогласената Народна република Донецк.
„Во местото Врехенеторецкое откриена е чета од 60 до 100 луѓе, од составот на ‘Грузискиот доброволечки баталјон’. На контролниот пункт Ветерок, меѓу Горловка и Џержинск воочена е чета војници од САД и Полска“, рекол Басурин, пренесува агенцијата ТАСС.
Полските единици, според разузнавањето на силите на рускојазичните бунтовници од Донецк, се наоѓаат во Џержинск, Димитрово, Славјанск, Мороновск, Константиновка и во Краматорск, места кои се под контрола на украинските сили. Вкупната бројност на овие единици се проценува на околу 1.000 луѓе. Во Красногоровка биле забележани две чети на доброволечкиот баталјон „Ичкерија“. Во селото Ласточкино е регистриран штаб на баталјон со 800 војници, од коишто повеќето се „припадници на црната раса“. Исто така, два вода со црнокожи војници биле забележани кај местото Славно.
„На областа на психијатриската болница во Јаснобродовка биле забележани и доброволци од арапските земји. Не е исклучено дека таа единица е директно поврзана со терористичката организација Исламска држава“, додал Басурин.
Истакнал и дека во пристаништето Одеса, град на Црното Море, каде што 29 отсто од населението се етнички Руси, е забележано пристигнување на 14 ударни беспилотни летала од Израел проследени со припадници на специјални единици, кои според сознанијата на бунтовниците ќе бидат распоредени во баталјонот „Ангриф“ на украинското министерство за внатрешни работи.
„Овие факти укажуваат на тоа дека украинското раководство во услови на ниска морално-психолошка состојба на украинските војници се фокусира на странските приватни воени фирми, кои ќе ги вклучи во диверзантските дејствија на територијата на Донбас“, додал Басурин кој минатата недела соопшти дека разузнавањето на проруските бунтовници открило дека прозападните власти во Киев подготвуваат 85 диверзантски групи составени од странски платеници кои ќе ги испратат за извршување субверзивни акции на териториите кои под контрола ги држат бунтовниците.
Ваквите обвинувања за присуство на странски платеници во редовите на украинските доброволечки баталјони, меѓу кои и хрватски, се одговор на обвинувањата на Западот и Киев дека Русија со активни единици и вооружување ги поддржува рускојазичните бунтовници на истокот од Украина. Москва не негира дека пензионирани или активни воени лица на отсуство или одмор најверојатно учествуваат во судирите во соседната земја.
Во тој контекст одговори и руското министерство за одбрана пред две седмици кога на интернет беше емитувана снимка во која двајца ранети мажи наводно тврдат дека се активни припадници на регуларни руски специјални единици кои добиле наредба да разузнаваат на украинска територија на линијата на раздвојувањето кога биле ранети и заробени. Руската дипломатија, подоцна, објави дека на нејзините претставници не им било дозволено да се сретнат со заробените лица за кои беше потврдено дека порано биле активни припадници на руската армија, но не и во времето на нивното заробување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Дојави за бомби во Киев: Затворени пет метро-станици
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Хаос во Киев: Демонстрантите се судриле со полицијата, уапсени 100 луѓе, најмалку 10 повредени