Вандалите што попладнево се обидоа да го симнат државното знаме од големиот јарбол на главната улица во Кичево го скршиле механизмот за негово поставување, но, сепак, знамето е вратено на врвот на јарболот.
Во моментов на една од главните крстосници во Кичево во близина на железничката станица каде што попладнево се случи инцидент со државното знаме сѐ уште има луѓе кои се решени да ги спречат вандалите доколку повторно се обидат да го симнат македонското знаме.
По веста која попладнево ја објави ТВ „Канал 5“, неколку групи Македонци од кичевски населби и блиски селски средини се упатиле кон местото на инцидентот решени да постават ноќна стража.
Во Кичево попладнево се одржуваше прослава на ДУИ, на која се слушале рафални стрелби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


