Ако изумот на 48-годишниот британски дизајнер Крис Шелис почне да се произведува и стане хит, веќе нема да мораме да се збогуваме со омилените чевли. Имено, се работи за последен изум во индустријата за обувки, насловен како Borgezie Riviera, кои можат да траат верувале или не цел живот. А потврда за тоа е и гаранцијата која трае дури 1.000 години.
Овие обувки можат да пренесуваат од генерација на генерација и секогаш ќе изгледаат како нови. Едноставно се неуништливи – вели Шелис.
Тој додава дека се воедно и најудобните чевли на високи потпетици, а ова дизајнерско чудо, како што го нарекуваат останатите, чини околу 1.200 евра.
Сигурно ќе се запрашате од што се направени? Од отпорен челик што не’рѓосува, односно од истиот материјал од кој се изработуваат ножевите и вилушките, како и од цврсто сребро, што на прв поглед не ветува удобност. Но, надворешниот материјал на обувките е заслужен за издржливоста, додека за удобноста придонесува постојаниот силикон со кој е обложена внатрешноста на чевлите. Покрај овие епитети, би ја додале и флексибилноста и прилагодувањето на ногата.
Чевлите доаѓаат во комплет со животна резерва на ѓонови во облик на срце и потпетици, затоа што тоа се единствените делови на овие револуционерни чевли кои со текот на носењето ќе се истрошат и што треба да се заменат.
-Знам какви маки имаат жените носејќи чевли со високи потпетици. Манекенките во овие обувки беа и по десет часа дневно и во ниту еден момент не почувствуваа тегоби – тврди Крис Шелис и додава дека во неговите „доживотни“ чевли жените можат да се бањаат и тушираат без страв дека нешто ќе им се случи или ќе се оштетат.
Инаку, овој дизајнер и претходно имал искуство во изработка на најудобни чевли. Во 2011 година се претстави со чевли со исиот опис, но изработени од злато и 2.200 дијаманти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Какви чевли треба да носите според хороскопскиот знак
-
Електричните уреди се програмирани да покажат дефект веднаш по истекот на гаранцијата
-
Кривичниот суд појасни: Нема да одлучуваме за притвор на Кочан, само за гаранцијата!
-
Весела математика: Бројот на чевли кој го носите зборува за тоа колку години ќе живеете!