Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на патниот правец Гостивар – Кичево, пред превојот Стража.
Во моментов сообраќајот на овој патен правец е во прекин и се очекува да започне увид што ќе го води јавен обвинител од Гостивар.
Според првичните сознанија, сообраќајната несреќа се случила во 16 часот кога директно се судриле минибус и патничко моторно возило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.