| четврток, 6 декември 2018 |

Грција е убедена дека оваа недела ќе постигне догоовр со кредиторите

Грчката Влада е убедена во постигнувањето договор со кредиторите во оваа недела и отворено да одложи делови од економските мерки за да може тоа да се случи, изјави денеска министерот за внатрешни работи Никос Вуцис, обајви МИА.

– Веруваме дека можеме и треба да имаме решение и договор во рамки на неделата, изјави за Скај телевизијата министерот кој не учествува во преговорите.

– Делови од нашата економска програма може да се одложат до шест месеци или можеби година за да има извесен баланс, додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top