| четврток, 6 декември 2018 |

Вандали се обиделе да го симнат државното знаме од големиот јарбол во Кичево

Glavna-ZnameВо Кичево попладнево е спречен обид да се симне државното знаме од централната улица во близина на железничката станица.

Околу 18 часот група која се возела во автомобили со скопски, гостиварски и тетовски регистарски таблички се обидела да го симне големото државно знаме од јарболот поставен пред неколку години.

Веднаш откако биле забележани од жители на околните згради друга група луѓе се приближила до јарболот, по што било спречено симнувањето на државното знаме.

Во инцидентот немало физичко насилство ниту контакт меѓу двете групи, по што едната, која што сакала да го симне знамето, се вратила на кичевскиот плоштад каде што попладнево се одржува прослава на ДУИ по повод победата во овој град, на која се слушале рафални пукотници од автоматско оружје.

Во моментов под јарболот со државното знаме сѐ уште е присутна група Македонци кои се сомневаат дека доколку се повлечат повторно ќе има обид за симнување на знамето.

Во меѓувреме, има најави за пристигнување на неколку групи Македонци од неколку блиски села кои, како што се најавува, ќе чуваат стража покрај јарболот со државното знаме.

Симнување на државното знаме е кривично дело казниво со закон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top