Енергетика, туризам, облека, храна и иновациски технологии се некои од секторите за соработка пред кои стојат значајни преспективи за развој со учество на претприемачи од Грција и Израел, пишува грчки „То Вима“.
Билатералните врски меѓу Грција и Израел се наоѓаат на многу добро ниво и за нив има позитивна преспектива во насока на засилување на грчкиот извоз на израелскиот пазар во секторите пијалоци, храна, медициски препарати, конфекција, високотехнолошки стоки и услуги, посочуваат податоци кои ги објави трговското претставништво на Грција во Израел.
Покрај тоа постојат и дополнителни можности за развој на бизнис соработки меѓу грчки и израелски компании во областа на високите техннологии, иновации со извозна ориентација, отварање на заеднички претпријатија, влегување во проекти со грчки фирми, привлекување на капитал.
Правец во таа наоска дава и иновацискиот конкурс „Старт Тел Авив 2015“ за иновациски дејности, со цел поттикнување на претприемништвото и развој на соработката меѓу Израел и Грција во иновациски сектори.
Конкурсот е адресиран до грчки технолошки компании кои се наоѓаат во стадиум на првично финансирање и кои веќе развиле некаков иновациски производ. Заинтересираните можат да поднесуваат молби за учество на тој конкурс до 5 јуни 2015 година. Избраните ќе бидат објавени на специјален настан кој ќе се одржи на 30 јуни во Атина.
Тие ќе имаат можност да го посетат Израел и да учествуваат на иновацискиот фестивал во Тел Авив оваа година, кој ќе се одржи од 5 до 11 септември. Станува збор за најголем форум на претставници на високите технологии од Израел, кој овозможуваат огромни инвстициски можности, како и такви на водечки мултинационални компании.
Во Израел постои развиена мрежа од иновациски претприемачи со над пет илјади иновациски дејности. Извозот во секторот на високите технологии порансал од една милијарда на 39 милијарди долари.
Привлекувањето на туристи од Израел е уште еден сектор за соработка со значајни преспективи за развој на грчките претприемачи. Тематскиот туризам (религиозен, културен, агротуризам, водениот туризам), како и зимскиот туризам (за него има голем интерес во Израел и многу туристи од таа држава секоја зима ги посетуваат грчките ски центри) исто така преттсавуваат поле за развој. Крстосувањата со брод исто заслужуваат да бидат позитивно оценети.
Напоредно со нив енергетиката, водените технологии и зачувувањето на животната средина би можеле да бидат предмет на интерес од страна на грчки и израелски претприемачи, а земјоделскиот сектор претставува уште една можност за соработка.
Биоземјоделството, аграрните истражувања, доставата на „ноу-хау“ од Израел во земјоделството и системите за наводнување, се други сектори по кои двете земји исто така би можеле да ја засилат својата соработка, велат од трговското претставништво на Грција во Израел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција