| четврток, 6 декември 2018 |

Чолa: Нема место на планетата кое може да ми го замени Охрид

cola

Концертот на Здравко Чолиќ, кој доаѓа по нешто повеќе од една година од големиот скопски концерт во арената „Борис Трајковски”, ќе се одржи во предвечерието на големиот празник Илинден, односно на 1 август на стадиниот „Билјанини извори“ во Охрид.

Организаторите најавуваат незаборавна журка со многу музички изненадувања, на која ќе бидат отпеани најголемите хитови од неколкудецениската кариера на пејачот, кој, вели, едвај чека да дојде во градот за кого го врзуваат неверојатни спомени и неколку искрени пријателства.

Уживам кога сум во Охрид. Каде и да одам на одмор, секогаш наоѓам време барем на неколку дена да дојдам во градот кој ми дава мир и ме полни со позитивна енергија. Кога сум овде, се чувствувам како да сум во рајот. Нема место на планетата Земја кое може да ми го замени Охрид, затоа сум посебно среќен што токму таму летово ќе имам концерт – вели Чола, кој во Охрид и овојпат ќе дојде со целото семејство и ќе остане неколку дена.

10429269_10205997225545467_4634893096140460944_n

Билетите за концертот веќе се пуштени во продажба и тоа преку продажната мрежа на „Купикартизасе“.

Организаторите на концертот за до 15 јуни подготвија специјална понуда – билетите ќе се продаваат по промотивна цена, односно пониска од предвидената.

Значи, до 15 јуни билетите за партерот ќе чинат 400 денари, цена која по овој датум ќе претрпи промена, односно како ќе се доближува денот на концертот така истата ќе се зголемува. Влезниците за фан питот, пак, ќе чинат 600, за трибина 500, а за ВИП делот 800 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top