Во просториите на Основното јавно обвинителство кај вработениот А.Л.(61) од Гостивар, ненајавено влегол Ш.М. од с.Равен и на вработените им се заканувал по животот и телото, соопшти МВР.
Напаѓачот на јавниот обвинител му се обратил со зборовите:„Тебе ќе те чекам во кај с.Здуње и ќе те пукам“.
По ова излегол надвор и почнал да чука по прозорците од канцеларијата на обвинителот и заминал во непознат правец.
За време на настанот што се случил вчера околу 11. 00 часот биле присутни повеќе службени лица вработени во Основното јавно обвинителство во Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.