| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп ќе именува обвинител кој ќе води истрага против Хилари Клинтон

Менаџерката на екипата на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска не ја исклучи можноста да се именува обвинител кој ќе води истрага за активностите на Хилари Клинтон додека беше државна секретарка.

– Трамп и новоизбраниот потпретседател Мајк Пенс настојуваат да ја обединат земјата, но не сме разговарале за тоа (именување на обвинител) изминатите денови и мислам дека кога ќе дојде време ќе се разговара за тоа, изјави Келијан Конвеј.

Трамп минатиот месец вети дека ќе ја затвори Хилари Клинтон поради злоупотребата на приватниот налог за електронска пошта додека беше државна секретарка (2009 – 2013).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top