Околу 44 илјади ракометни вљубеници го одбраа идеалниот тим за оваа сезона во Лигата на шампионите во изборот на ЕХФ, а довербата да биде во најдобриот состав ја доби македонскиот ас во Барселона, Кирил Лазаров. Тој според навивачите е најдобриот десен бек во елитното натпреварување.
Големо признание замина и на адресата на вардаровиот „ол-раунд“ играч Алекс Дујшебаев, кој е избран за најдобар млад ракометар во ЛШ.
Еве го идеалниот тим според изборот на ЕХФ за кој гласаа околу 44 илјади луѓе.
Голман – Роланд Миклер (Веспрем)
Десен бек – Кирил Лазаров (Барселона)
Лев бек – Никола Карабатиќ (Барселона)
Централен бек – Михаел Хансен (ПСЖ)
Пикер – Ренато Сулиќ (Веспрем)
Десно крило – Виктор Томас (Барселона)
Лево крило – Уве Генсхајмер (Рајн Некар)
Тренер – Талант Дујшебаев (Кјелце)
Најдобар млад ракометар – Алекс Дујшебаев (Вардар)
Најдобра одбранбен ракометар – Рене Тофт Хансен (Кил)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.