Пред една продовница за кондиторски производи, која е дел од синџирот „Рошен“, чиј сопственик е украинскиот претседател Петро Порошенко, експлодираше бомба, соопшти локалната полиција.
– Експлозијата направи дупка во широчина од 0,6 метри во ѕидот на продавница. Оштетени се полици и дел од проиводите“, наведе полицијата, додавајќи дека инциентот се случил после полноќ.
Компанијата „Рошен“, која има фабрики за кондиторски производи во Украина, Русија, Унгарија и Литваница, не се огласи со коментар за инцидентот.
Синџирот на продавници на „Рошен“ се прошири откако Порошенко, кого го нарекуваат „кралот на шоколадите“, беше избран за претседател во 2014 година.
Неидентификувани напаѓачи на почетокот на годината искршија стакла на некои продавници на „Рошен“.
Порошенко вети дека по изборите ќе продаде дел од компанијата, но оваа година рече дека тоа е тешко изводливо поради неповолните пазарни услови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


