Вчера вечер околу 21 часот пред кафе-барот „Ретро-кафе“ во Куманово дошло до расправија меѓу лицата А.М. (29) и Ш.И. (40) која крваво завршила. Имено, Ш.И. физички го нападнал А.М. и со нож му нанел убодна рана во пределот на вратот, а потоа го напуштил лице местото.
А.М. е пренесен во Медицинскиот центар во Куманово каде му е констатирана телесна повреда и е задржан на лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.