Шефот на канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања Валери Амос апелираше на светските сили да преземат акција со цел прекин на војната во Сирија што трае веќе четири години.
Во својот последен извештај до СБ на ОН пред заминувањето од функција, Амос претставува список од злосторства од бомбардирање пазар преку напади врз медицински објекти и спречување испорака на хуманитарна помош како и употреба на хролир за тероризирање цивили.
– Повеќе од четири години гледаме како Сирија тоне се повеќе во очај, надминувајќи и она што најпесимистичните набљудувачи сметаа дека е можно – наведува таа.
– Знам дека нема лесни одговори ниту брзи решенија. Но, не можеме да ја напуштиме Сирија и да ги предадеме на безнадежноста и понатамошен очај – вели Амос.
Во изминатите месеци таа неколкупати изразуваше незадоволство поради неуспехот на СБ на ОН да усвои нови мерки за ублажување на страдањата на цивилите и да осмисли насоки за политичко решение за кризата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Немаме планови за војна, но не го признаваме Косово
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)