Косовското собрание денеска би требало да разгледува уставни амандмани за формирање специјален суд за злосторства на поранешната ОВК, јавуваат приштински медиуми.
Опозицијата веќе се изјасни дека ќе гласа против, а според медиумите, постои можност против да бидат и дел од пратениците на владејачкото мнозинство.
Досега осуммина пратеници од Демократската партија на Косово најавиле дека ќе бидат против специјалниот суд.
Меѓународната заедница предупредува дека ако Косово не го формира тој суд ќе биде основан под закрила на Обединетите нации. Косовското Собрание има 120 пратеници, а за изгласување на амандманите потребни се 80 гласови.
Амбасадорите на членките на СБ на ОН ги повикаа властите во Приштина што побрзо да го формираат специјалниот суд за злосторства на ОВК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ново продолжение на Собранието за бришење на РМ утре во 11 часот
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Предлог законот за амнестија на лицата обвинети за „27. април“ не е усвоен
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово