ЈСП Скопје денеска ќе го зголеми бројот на поаѓања кон гробиштата Бутел од Карпош, Ново Лисиче и Кисела Вода и во зависност од потребите на граѓаните ќе бидат ангажирани соодветен дополнителен број на автобуси поради празникот Духовден.
Денеска автобусите ќе сообраќаат по саботен возен ред освен линиите 11, 18а, 32, 47а, 51, 55, 56, 56а, 70, 74, 80а и 81 кои ќе сообраќаат по делничен возен ред.
Во сабота автобусите ќе сообраќаат по саботен возен ред. ЈСП Скопје ќе го зголеми бројот на поаѓања кон гробишта Бутел и во зависност од потребите ќе бидат ангажирани соодветен број на автобуси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.