| четврток, 6 декември 2018 |

Шампионскиот танц на Дарко Панчев и на Илија Најдоски пред 24 години (видео)

Македонското дуо од Црвена Звезда, Дарко Панчев и Илија Најдоски, денеска слават 24 години од европската титула во Бари, прва и историска за македонски фудбалери во тогашниот Куп на европски шампиони. По нив и Горан Пандев со Интер се искачи на врвот на стариот континент, а токму на денешен ден, 29. мај, 1991 година во Бари сефте направија Дарко и Илија.

darko pancev

Најдоски беше столб на одбраната и еден од најомилените играчи за навивачите на Црвена Звезда во историјата на овој клуб, додека популарната кобра беше последниот стрелец во пенал серијата против Олимпик Марсеј.

Голманот на францускиот првак Олмета против македонската кобра, еден против друг во решавачката петта серија. Дарко ладнокрвно реализира за голем успех и прв европски трофеј на Црвена Звезда, досега и единствен на екипа од поранешните југословенски простори.

Истата година Панчев ја заслужи и „златната копачка“ како најдобар стрелец во Европа, награда која во 1991 година не му беше доделена. Потоа неправдата беше исправена, па легендарниот француски ас Мишел Платини, кој е актуелен претседател на УЕФА допатува во Скопје и му ја додели „златната копачка“ на најдобриот голгетер на стариот континент.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top