Менаџерот на Челси „Специјалниот“ Жозе Мурињо направи мало шоу на свечената прослава на титулата со сините од Лондон оваа сезона во Премиер лигата.
Португалецот во таа прилика одржа говор, во кој се пошегува на сметка на големите конкуренти за титулата оваа сезона.
– На теренот се наоѓаат два гола. Едни момци сакаат да играат без голови на теренот. Играат одлично и имаат голем посед на топката, но не постигнуваат голови и не освојуваат бодови – кажа Мурињо и мислеше на Манчестер Јунајтед.
По Јунајтед на ред дојде и Манчестер Сити.
– Во лигата има и една екипа во сини дресови. Тие постигнуваат многу голови од различни позиции кои ги постигнуваат различни играчи. Тие побараа од ФИФА да бидат прваци, но им е кажано дека неможе затоа што фудбалот се игра на два гола – додаде Жозе.
И на крај Португалецот не заборави и не го изостави својот лут ривал Арсен Венгер и неговиот тим.
– Имаме и трета екипа која сепак сака да игра на два гола. Тие постигнуваат голови, но и ги примаат. Постигнуваат убави голови, но тогаш налетуваат на автобусот кој ќе ги спречи во тоа – расположен беше менаџерот на Челси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.