Делегација на Универзитетот за туризам и менаџмент предводена од ректорот Аце Миленковски, во својство на придружна членка, присуствува на 100-тата седница на Извршниот совет на Светската туристичка организација (UNWTO) во Ровињ, Република Хрватска.
Главни теми на седницата се определување на приоритети на организацијата во наредните две години, како и за понатамошниот развој на туристичкиот сектор во време кога растот и развојот на туризмот продолжува и покрај многубројните предизвици.
На оваа јубилејна седница присуствуваат четириесетина делегации, со повеќе од 200 учесници на чело со Генералниот секретар на UNWTO, Талеб Рифаи, кој е почесен професор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
Делегацијата, во рамките на промотивните активности на планот на поддршката на стопанско-образовниот сегмент на Република Македонија, за време на седницата на Извршниот совет, како и на одделните средби ги нагласи можностите кои ги овозможува кооперацијата при вакви средби на највисоко интернационално ниво, под патронат на Обединетите нации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Нови студиски програми на англиски јазик на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид (видео)
-
Размислете за Италија, Владата подарува вили и замоци