| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемен бројот на пријавени, обвинети и осудени лица во 2014

Бројот на пријавените полнолетни лица ­ сторители на кривични дела во 2014 во споредба со 2013 година е зголемен за 7,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Во 2014 споредбено со 2013 година, бројот на осудените полнолетни лица е зголемен за 22,5 отсто, а бројот на обвинетите лица за 11,4 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на пријавени деца во судир со закон ­ сторители на кривични дела во 2014 година, во споредба со претходната година, е намален за 3,3 отсто.

Во 2014 во споредба со 2013 година, бројот на осудените деца во судир со закон ­ сторители на кривични дела е намален за 2,5 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top