| четврток, 6 декември 2018 |

Мила Јововиќ ја крсти својата ќерка во православна црква (ФОТО)

Актерката Мила Јововиќ очигледно си ги почитува руските корени, па одлучила двомесечната ќерка Дашиел Едан да ја крсти во православна црква во Лос Анџелес.

mila1

Мајката на 39-годишната актерка е од Украина, а нејзиниот татко е од Црна Гора, но таа е одгледана во САД од својата петгодишна возраст.

mila3

Сепак Мила се однесува со голема почит кон традицијата на Руската православна црква, а сопругот на Јововиќ – американскиот режисер Пол Андерсон очигледно нема ништо против неговите две ќерки да се православни христијанки како мајка им.

mila2

Мила ја роди втората ќерка на 1 април оваа година, а поголемата нејзината ќерка Еверли има 7 години.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top