| четврток, 6 декември 2018 |

Веројатно цел живот погрешно појадувате, а за тоа не сте свесни

Постојат спротиставени истражувања и ставови за тоа дали појадокот е задолжителна утринска рутина. Без оглед што сте слушнале или прочитале секогаш е најдобро прво да појадувате, а потоа да продолжите со секојдневните обврски.

pojadok

Ако мислите дека во текот на ноќта и сонот сте го одмарале вашиот организам, грешите. Мозокот никогаш „не се гаси“ како ниту вашето тело. Во текот на ноќта и понатаму е црпи енергија. Луѓето го пропуштаат појадокот и од разни причини, но најчеста е недостатокот на време.

Еве некои од грешките кои ги правиме наутро, кога ќе се разбудиме:

Не појадуваме

Прескокнувањето на појадокот од која било причина е прва утринска грешка која не би требало да ја повторувате. Доколку немате време за подготвување појадок, најддобро решение е да го подготвите претходната вечер пред да си легнете. Барем житните снегулки и млекото (или сок или чај) се најденоставно решение и не одземаат многу време.

Прејадување за појадок

Секако дека појадокот не треба долго да трае, но тоа не значи дека треба да јадете како да не сте јаделе со денови. Здравиот оброк е задолжителен, но нема потреба да се прејадувате. Тешкиот појадок може тешко да му падне на желудникот и да го отежни варењето.

Ист појадок секое утро

Житните снегулки и млекото секое утро се утеха во смисла да се храните здраво, но не треба да ги консумирате баш секое утро. Не само што не ги внесувате и останатите неопходни состојки, туку и брзо ќе ви здодее.

Залевање со сок или вода

Храната е потребно да се изџвака, а не само да се голтне. „Џвакај, не голтај“ е опомена која сигурно сте ја добиле барем еднаш од вашите родители. Голтањето никако не е препорачливо како ниту залевањето со течности. Може тешко да му падне на желудникот и варењето.

Јадење набрзина

Покрај тоа што може да го испуштите својот појадок во брзање и да се извалкате, ваквиот начин на консумирање појадок одзема доста енергија и набргу повторно ќе огладнете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top