| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски на средби со премиерите на Албанија, Црна Гора, Косово и Србија (ФОТО)

Премиерот Никола Груевски на маргините на Виенскиот економски форум оствари билатерални средби и разговори со премиерите на Албанија, Црна Гора, Косово и Србија.

milo_thumb_medium500_199

На средбите кои Груевски ги оствари со Еди Рама, Мило Ѓукановиќ, Иса Мистафа и Александар Вучиќ биле рзменети ставови за билатералната соработка и заедничките приоритети за целосна интеграција на регионот во Европската унија.

isa_thumb_medium500_269

 

– Разменивме мислења за севкупните случувања во регионот и во нашите држави и се договоривме да имаме уште посилна соработка во правец на зајакнување на нашите позиции како држави, зајакнување на регионалната и меѓусоседската соработка во остварувањето на заедничката цел членство во Европската Унија, и интеграција во НАТО на државите кои се уште не се нејзини членови – изјави премиерот Груевски по билатералните средби и разговори со своите колеги.

rama_thumb_medium500_300

Груевски заедно со министерот за надворешни работи Никола Попоски, присуствуваше на Виенскиот економски форум што се одржува во Тирана, Албанија.

nova-cr_thumb_medium500_385

 

На Форумот балканските лидери истакнаа дека преку економскиот раст, подобрата инфраструктура и креирањето на работни места би се намалиле разликите меѓу земјите од Балканот и земјите од Европската унија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top