Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и со пад на дневната температура.
Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели умерен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Максималните дневни температури ќе достигнат до 11 односно до 21 степен.
Во Скопје во четврток ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и посвежо. Ќе дува засилен северозападен ветер. Минималната температура од 11 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 18 степени.
Од петок нè очекува период на стабилно време со пораст на дневната температура.
Во петок по свежото утро и утринската температура, која ќе се движи од 3 до 13 степени, во текот на денот претежно сончево со локална облачност. Максималната температура до 15, односно до 25 степени.
Во деновите од викендот нè очекува сончево и потопло време иако утринската температура ќе биде ниска и ќе се движи во интервал од 2 до 14 степени. Максималната дневна температура до 19, односно до 31 степен.
В понеделник претежно сончево со локална облачност и топло. Максималната температура од 22 до 32 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.