| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на „Каде се парите“ во кино „Милениум“

„Каде се парите?” е новиот филм на Владимир Петровски – Картер.

kade se parite

 

Вечерва премиерно ќе биде прикажан во киното „Милениум“ во Скопје. Филмот е базиран на реални случки од урбаното секојдневие. Во него може да се препознае обичниот човек. Тој е приказна за двајца пријатели, чијшто живот се сведува на забава и на лесен живот. Добиваат понуда на брз начин да заработат пари. Им требаат 100.000 евра за стока, која ако „ја свртат“ би им донела 150.000. Нормално, немаат пари и се обидуваат да зајмат од пријатели, но никој не сака да им даде. Успеваат да добијат пари од човек што им бара камата. Парите мора да ги вратат за три дена. Ги земаат парите, но не успеваат да „свртат бизнис“.

Главните улоги ги толкуваат: Никола Талевски, Ана Ен, Деа Димушевска, Влатко Илиевски, Иво Аџиевски, Васко Тодоров… Меѓу актерската екипа е и Васил Шишков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top