Германските покраини Баварија и Хесен поднесоа тужба до највисокиот суд во земјата, ставајќи го под прашање системот на распределба на буџетски средства на посиромашните региони во земјата.
Баварските власти наведуваат дека, заедно со властите на покраината Хесен, поднеле тужба до Сојузниот Уставен суд, барајќи буџетскиот систем да биде изменет бидејќи само три од 16 германски покраини уплатуваат средства во буџетот, додека 13 покраини добиваат пари од него.
Во Баварија и во Хесен на власт е централно-десничарската коалиција на канцеларката Ангела Меркел и во двете покраини во септември ќе бидат одржани регионални избори, истовремено со одржувањето на парламентарни избори во Германија.
Трета покраина што дава пари во буџетот е Баден-Витенберг, во која на власт е опозицијата. Оваа покраина не се приклучи на тужбата.
Минатата година во рамките на распределба на средства на покраините, поделени се 7,9 милијарди евра. Системот на распределба на средства во Германија има за цел обезбедување еднакви услови за живот во целата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


