| четврток, 6 декември 2018 |

Анимација на астероиди што следните 50 години ќе поминат покрај Земјата

Иан Вебстер, инженер што работи за компанијата „Гугл“, изработи интерактивна анимација на која се прикажани илјадници астероиди во близина на Земјата.

Голем број од астероидити во следните педесетина години ќе поминат покрај нашата планета, а на оваа интерактивна мапа може да се види точно кој ден ќе биде нивната најблиска средба со Земјата.

Иан Вебстер е автор на анимацијата „Астеранк“, која следи 600.000 астероиди кои орбитираат околу Сонцето и блиските планети Меркур, Венера, Земјата и Марс. Вебстер за мапата користи податоци од НАСА Лабораторијата за млазен погон и Центарот за планетоиди на Меѓународната астрономска унија.

Анимацијата ја прикажува големината и брзината на астероидите, но и нивната вредност, во зависност од количеството на метали во нивниот состав. Според процените постојат околу 25.000 објекти во близина на Земјата со широчина од 140 метри.

Во просек, на Земјата удираат астероиди со големина на фудбалски терен на секои 5.000 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top