Околу 1.000 денари биле одземени од црквата „Свети Ѓорѓија“ во тетовското село Волковија по кражбата што ја извршиле засега непознати сторители во сè уште неутврдено време, соопшти денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според Јосифовски, крадците најпрво го отстраниле катинарот од металната решетка пред влезната врата, а потоа насилно ја отвориле и вратата и од метална кутија во внатрешноста на црквата одзеле околу 1.000 денари во разни апоени – доброволни прилози од верниците.
Полицијата извршила комплетен увид и фотодокументирање на објектот и работи на откривање на сторителите, рече Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…
-
Ценовник од македонска црква предизвика лавина од негативни коментари
-
На овој голем празник сите верници доаѓаат во црквата полна со змии за да седат на нив