Интернет-компанијата за посредување во пронаоѓањето „сродни души“, „Хапн“, објави резулати од едно истражување кое покажува дека името што го носи еден човек влијае врз квалитетот на неговиот љубовен живот и секс.
Анкетата е спроведена во Барселона, Њујорк и во Париз и врз основа на неа, компанијата направила топ листа на „атрактивни“ имиња кога се во прашање љубовта и сексот.
Така, во Барселона најдобар љубовен живот имаат мажите по име Марк, Давид, Жорди, Алберт и Алекс и жените кои се викаат Лаура, Марта, Кристина, Ана и Андреа.
Во Њујорк најмногу „среќа во љубовта“ имаат мажите кои ги носат имињата Мајкл, Мет, Бен, Џејсон и Сајмон и жените со име Аманда, Никол, Џесика, Александра и Кејти.
Во Парзз љубовната среќа им е најнаклонета на мажите по име Луј, Адриен, Жилиен, Винсент и Александар и на жените кои се викаат Мари, Камил, Сара, Шарлот и Полин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.