| четврток, 6 декември 2018 |

Почина менаџерот на Ју-Ту

u2Ирската рок група Ју-Ту синоќа соопшти дека нејзиниот долгогодишен менаџер Денис Шиaн починал во Лос Анџелес, каде бендот се наоѓа во рамки на неговата последна турнеја.

Според американските медиуми, 68-годишниот Шиaн починал од природна смрт во хотел во Западен Холивуд. Тој починал неколку часа по завршувањето на првиот од петте предвидени концерти на Ју-Ту во Лос Анџелес, одржан во вторникот вечерта по локално време.

– Загубивме член на нашето семејство и се уште не сме целосно свесни за тоа. Тој не беше само легенда на музичкиот бизнис, туку и легенда на нашата група. Тој е незаменлив, напиша фронтменот на Ју-Ту, Боно Вокс на интернет страницата на бендот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top