| четврток, 6 декември 2018 |

Лондон го формулира референдумското прашање за членство во ЕУ

Британските гласачи на референдумот за членство во Европска унија, што треба да се одржи во следните две години, ќе одговараат на прашањето „Дали Велика Британија треба да остане членка на ЕУ“, соопшти денеска Владата во Лондон.

Текстот на референдумското прашање е дел од предлог-законот, за кој британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека се надева оти за кратко време ќе биде усвоен во Парламентот.

Кралицата Елизабета Втора вчера, излагајќи го планот на новоизбраната влада во Парламентот, објави дека Велика Британија до крајот на 2017 година ќе одржи референдум за членство во ЕУ.

– Законот ќе биде донесен за да обезбеди референдум за членство во ЕУ пред крајот на 2017 година. Мојата Влада ќе преговара со ЕУ и ќе тежнее кон реформи на ЕУ за доброто на сите земји-членки – посочи кралицата.

Британскиот премиер Дејвид Камерон, чијашто Конзервативна партија победи на изборите одржани во текот на месецот, планира до крајот на 2017 година да распише референдум за членството во ЕУ, а дотогаш ќе ја преиспита улогата на земјата во Унијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top