Грчката крајбрежна стража вчера соопшти дека минатиот месец речиси 12.000 емигранти се уапсени при нелегален влез во земјата, што е речиси седумпати повеќе во однос на истиот месец во 2014 година.
Според официјални податоци на грчкото Министерство за внатрешни работи, во април се уапсени 11.873, а во март 6.583 илегални мигранти.
Комесарот на Европската унија за миграција, Димитрис Аврамопулос, за време на вчерашната посета на Атина изјави дека го поддржува планот на ЕУ за распоредување на азилантите.
Грчката влада го поздрави планот, но бара поголема сума пари за да може да згрижи поголем број бегалци од Сирија.
Од почетокот на годинава во Грција илегалнио влегле 37.500 мигранти и баратели на азил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)