Припадник на СВР Куманово, попладнево по 16 часот, спаси повозрасна жена, која според првичните информации на кумановската полиција, се лизнала и паднала во реката „Кумановка“ во близина на речниот кеј.
Полицаецот во униформа скокнал по неа во реката Кумановка. Според првичните информации на кумановската полиција, кај нив случајот го пријавиле минувачи кои забележале дека жената се лизнала и паднала во реката кај мостот пред населбата „Перо Чичо“.
Биле повикани и екипи на Територијалната противпожарна единица и на Итна помош Куманово. Жената била пренесена во одделeнието за хирургија, информираа од Итна Помош Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Полицаец нападнат во Брисел, властите истражуваат дали е тероризам
-
Полицаец истепан кај салата „Борис Трајковски“
-
Ќе те кажам на мажот: Полицаец уценувал тетовка откако таа одбила да ја продолжи врската со него
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)