Според него, со однесувањето на опозцијата се нанесува ненадоместива штета која ќе продолжи да ја трпи Македонија со години бидејќи, вели враќањето на довербата е долг и макотрпен процес, а ефектите ќе бидат негативни, пред се за нејзините граѓани.
– Опозицијата мора да биде свесна дека со ова свое однесување, со создавање немир кај народот и бизнис заедницата и прави ненадоместива штета на државата и дека ефектите ќе бидат негативни пред се за нејзините граѓани, во успорувањето на отворање нови работни места, во успорува на растот на економијата за којшто пред кризата речиси сите светски финансиски институции се согласија дека ќе биде најголем во Европа. Сето тоа може да не врати сериозно назад и најголемата цена ќе ја плати македонскиот народ преку намалени плати, успорување на вработувањата и поспориот раст на животниот стандард- рече Пешевски.
Заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими на денешната собраниска седница за пратенички прашања рече дека постои голема заинтересираност за проектот „Македонија вработува“ кај приватниот сектор и дека досега се вработени околу 1.060 лица.
Тој додаде дека со проектот се овозможува голем опфат на повеќе категории невработени граѓани, а самиот проект претставува надградување на мерката за вработување на млади лица до 29 години со ослободување од плаќање придонеси во траење од 12 месеци.
– Преку проектот Македонија вработува дневно речиси се вработуваат по 51 лица и најмногу вработувања има кај лицата до 29-годишна возраст како и кај лицата до 35 години. Досега со овој проект се вработени околу 1.060 лица по барање од страна на 892 фирми. Значи со сегашниот ефект од оваа мерка вработени се околу 1060 лица, рече Ибрахими на прашање од пратеничката Даниела Рангелова.
Тој информира дека претходно со мерката за вработување млади до 29 години било овозможено вработување на 7.712 лица и ја искористиле 4.229 компании од кои најголемиот број биле мали компании до 10 вработени (3.531 комапнија).
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајлоски на прашање од Зоран Илиоски изјави дека комплетното железничко поврзување со Грција ќе биде завршено за 18 месеци. Во однос на изгардбата и реконструкцијата на делницата Битола – Кременица како дел од кракот 10 од коридорот 10 во индустриската зона Жабени, тој информира дека веќе е склучен договор со изведувач.
– Почнати се подготвителните работи, потпишан е договор со бугарска компанија која ќе го гради патот, а потпишан е и договор со шпанска фирма за надзор. Рокот за градба е 18 месеци и очекувам дека за тој период комплетно се ќе биде завршено- рече Мисајловски.
Во рамки на седницата која заврши беа поставувани прашања и за изградба на повеќе локални патни правци, градинки, прашања од областа на здравството
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.