Одговарајќи на пратеничко прашање, министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, зборуваше за проектот за уредување на Голема Ливада како и за изградбата на пругата Битола- Кременица.
Во однос на проектот за уредување на Голема Ливада, како што истакна Мисајловски, хотел Пелистер ќе започне со изградба на крајот на месец јули, а се очекува да се заврши во рок од еден месец, односно до крајот на август. Министерот потенцираше дека за овој проект се одвоени 5 милиони денари.
Исто така, Мисајловски информираше дека е склучен договор за изградба на делницата Битола-Кременица, каде рокот за извршување на работите изнесува 18 месеци.
-Изградба на делницата Битола- Кременица како дел од кракот 10 од Коридорот 10 за изградба со крак во индустриска зона Жабени. Можам да информирам дека веќе склучивме договор со изведувач, авансот е префрлен, почнаа подготвителни работи. Имаме потпишано договор со бугарска фирма, имаме потпишано договор со шпанската форма „Ептиса“ за надзор, рок за градба е 18 месеци. Во оваа фаза се подготвителни работи на терен, согласно динамичкиот план, очекуваме дека за 18 месеци ќе биде комплетно се завршено, рече Мисајловски.
Реконструкцијата предвидува изградба на крак до индустриската зона Жабени и изградба на нова железничка станица за прекуграничен сообраќај со сите придружни објекти.
Со обновата на железничката пруга Битола – Кременица ќе се овозможи побрз и посигурен транспорт на стоки до солунското пристаниште, како и поевтин превоз на туристи и патници. За овој капитален проект, Владата ќе вложи околу 20 милиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мисајловски: Молчењето околу измените на Уставот е една очајна политика на власта за манипулирање на граѓаните
-
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ има нова енергија, нова надеж и нова понуда
-
Мажите умираат да ви ги постават овие прашања, но се срамат…
-
Мисајловски: СДСМ набрзо ќе бидат сменети од власт како најслаба и најнеспособна влада во историјата на Македонија