Албанскиот премиер Еди Рама денеска негира дека се заканил со вето за приемот на Македонија во НАТО. На заедничката прес-конференција со српскиот премиер Александар Вучиќ во Тирана, Рама рече дека побарал само целосно почитување на Рамковниот договор.
– Ниту сум се заканил, ниту сум прогласил став за вето, зборот вето вие сте го ставиле (новинарите) со помош на извесни политичари во Тирана. Ние сме членка на НАТО и зборуваме во име на НАТО, кога се зборува за тоа. Не е ниту закана ниту блокада, туку само став – изјави Рама.
За настаните во Куманово, албанскиот премиер оцени дека покажале колку е кревок мирот на Балканот.
– Неспорен интерес на Албанија и на Албанците во Македонија е територијалниот интегритет и функционирањето на Македонија – рече Рама.
За Албанија, според него, е неприфатливо загрозувањето на територијалниот интегритет на која било држава и смета дека тоа е неприфатливо за одржување на демократијата, стабилноста и мирот во регионот.
– Повреда на интегритетот и нефункционирањето на Македонија е неприфатливо за нас. Ние сакаме да се имплементира Охридскиот договор. Албанците и Македонците се конститутивни фактори – рече Рама.
Албанскиот премиер нагласи и дека Тирана е против етнички поделби. Сите земји во регионот и пошироко треба да се дистанцираат од таквите повици, кои му припаѓаат на минатото и немаат врска со нашите напори за денешен и утрешен Балкан, изјави Еди Рама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Рама гаѓан со чевел: Го нападнале демонстранти, полицијата спречила поголем инцидент (Видео)
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа