Индустриското производство во периодот јануари – април годинава во однос на истиот период лани е зголемено за 0,8 проценти. Во април годинава, во споредба со април лани, индустриското производство е намалено за 0,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење камен“ во април годинава, во однос на април минатата година, бележи опаѓање од 5,3 проценти, во преработувачка индустрија од 1,1 проценти, а пораст од 10,1 процент во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Според главните индустриски групи, производството во април 2015 година, во однос на април 2014 година, е зголемено кај енергија за 5,9 проценти, капитални производи за 9 проценти и трајни производи за широка потрошувачка за 8,9 проценти. Опаѓање има кај интермедијарни производи, освен енергија за 0,7 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,7 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.