Преживеан емигрант сведочеше за големата железничка несреќа, која пред неколку недели ја потресе Македонија, кога во близина на Велес 14 емигранти беа прегазени од воз. Како што пренесува „Дневник“, емигрантот сведочи дека пред големата трагедија, две групи емигранти се судриле на пругата и почнале голема тепачка. Едната група била од Сомалија, другата од Авганистан.
Ова ја менува сликата за трагедијата бидејќи досега беше познато само дека тие седнале да јадат и да одморат на пругата во кобниот момент. Повеќето емигранти дошле од Грција и сакале преку Македонија да го продолжат патот во Западна Европа. Пешачеле цел ден откако ја поминале границата, па ги нападнала група во униформи. Потоа, пешачеле два дена и кога дошле до пругата, група од 16 емигранти, кои ја избрале истата маршрута, почнала тепачка, па не го ни слушнале и виделе возот што доаѓал.
За потсетување, трагедијата се случи на 23 април во близина на Велес, а загинаа 13 емигранти од Авганистан и еден од Сомалија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.