| четврток, 6 декември 2018 |

ЦИА стравува од целосно откривање на мистеријата „Кенеди“

KENEDIНабрзо по атентатот на претседателот на САД, Џон Кенеди, во 1963 година, еден од новинарите го праша тогашниот претседател на Врховниот суд, Ерл Ворен, дали комплетниот извештај за убиството ќе биде објавен во јавноста. Првиот човек на судот и на Вореновата комисија тогаш му одговори: „Ќе го објавиме за некое време. Но, тоа можеби нема да биде за време на вашиот живот“.

Половина век подоцна, желбата на новинарите конечно ќе биде исполнета. Од 40.000 документи за убиството на претседателот Кенеди, 3.600 сѐ уште се држат во строга тајност. Поради тоа е пратен тим од седум архивисти со највисоки овластувања во Државниот архив, каде што на основа на сите 40.000 документи ќе направат конечен извештај за атентатот на еден од најпопуларните претседатели во историјата на САД, вклучувајќи и досега необјавени детали.

Крајниот рок за објавување на извештајот е октомври 2017 година.

kenedi

 

Марта Марфи, претседател на Одделот за посебен пристап во Државниот архив, вели дека 2017 година сѐ уште е далеку и дека за две години може да се случи некоја промена иако таа многу сака документите конечно да се објават.

– Ќе направам сѐ што е во моја моќ тајните документи за убиството на Кенеди, конечно, да ја видат светлината на денот. Тоа е мојата единствена цел, народот конечно да ја дознае вистината. Единствено во тоа може да ме спречи претседателот на САД – изјави Марфи.

Ако се испочитува уредбата за објавување, тоа би можело да биде проблем за и онака срозената репутација на Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА).

Извештајот за работата и убиството на Кенеди содржи и некои од најмрачните тајни и шпионски активности под патронат на ЦИА.

344529_dzon-kenedi-rekonstrukcija-ubistva-ap_ff

Се претпоставува дека 3.600 необјавени страници од споменатиот извештај содржат детали за атентатите кои ЦИА ги вршела во странство, за параванските компании, па сѐ до психолозите тајно вработени во Агенцијата кои давале лажни информации на истражителите за состојбата и активностите на Ли Харви Освалд, обвинетиот за убиството на Кенеди.

Американците очекуваат да ги чујат одговорите на неколку неразјаснети прашања за убиството на Кенеди. Дали Освалд, кој патувал во Русија во 1959 година, дејствувал сам, како што заклучи Вореновата комисија?

Дали некои тајни служби (ЦИА) имале претходни сознанија за тоа дека се подготвува атентат на Кенеди?

Дали најголемите официјални лица на тогашната влада, како и децении подоцна, намерно ја опструирале комплетната истрага за да се спречи откривање на „валканиот веш“ на своите тајни служби, (читај: ЦИА)?

Според Марфи, која ги прегледала необјавените 3.600 страници, комплетната документација ќе даде соголен увид за Америка од периодот на Студената војна и за нејзините тајни служби.

Официјалните причини за необјавување на овие документи е поради содржината на доверливи информации за приватноста на високи политичари, поротници и на идентитетите на заштитените сведоци.

Од 3.600 необјавени документи зад 1.100 стои ЦИА, чиј удел е најголем, а воедно и најтаен. Другата група документи припаѓаат на ФБИ, додека остатокот го сочинува извештајот на поедини членови на Вореновата комисија.

Објавувањето на документацијата би значели и разоткривање на најмистериозните фигури во американската шпионска сцена, особено на поединци кои под закрила на ЦИА вршеле атентати низ светот.

Постојат најмалку 332 страници материјал за Е. Хауард Хант, митскиот шпионски гениј, кој на јавноста ѝ е познат како човек кој во 1972 година го предводел провалувањето во вашингтонскиот хотел „Вотергејт“, во кој се наоѓал штабот на Демократската партија за да инсталира уреди за прислушување.

Зошто ЦИА не открила некои од клучните документи за убиството на Кенеди? Освалд дури и ја тужел ЦИА за неоткривање клучни докази за атентатот на американскиот претседател. Се разбира, потоа го изгубил спорот.

– Песимист сум по прашањето на обелоденување на документите. Сметам дека нема да се дозволи нивно објавуање. Накусо, го очекувам најлошото сценарио – рече Морли.

Уште една личност која се спомнува во необјавениот извештај е и Ана Гудпестур. Како оперативец на ЦИА сведочела дека нема никакви информации за тоа од каде се снимките од прислушуваните телефонски разговори на Освалд во посед на Агенцијата, потоцно во разгранокот во Мексико Сити, каде што таа работела. Сепак, во нејзиното подоцнежно сведочење, поради страв од обвинение за кривоклетство, признала дека снимките од разговорите сама ги проследиле до новинарите и сите останати медуми со цел „сатанизација на Ли Харви Освалд“.

Исто така, се очекува разоткривање на 2.224 страници од испрашувањето на Јурил Ношенко, агент на КГБ, кој пребегал во САД набрзо по атентатот на Кенеди. Ношенко тврдел дека кај Освалд нашол неколку документи со ознака КГБ две и пол години пред атентатот на Кенеди, во време додека Освалд живеел во СССР.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top