| четврток, 6 декември 2018 |

Поевтинуваат сите горива за еден денар

Поевтинуваат горивата од полноќ. Малопродажната цена на сите горива ќе биде пониска за еден денар, па така eвросупер БС-95 ќе се продава по 82,50 денари, а евросупер БС-98 по 84 денари за литар.

Цената на евродизел (Д-Е В) изнесува 70,00 денари, а на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 58,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,541 денари за килограм и сега изнесува 42,464 денари.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 107,838 долари за барел и е за 3,10 проценти пониска од просечната цена на сурова нафта (111,290 долар/барел), по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top