Карло Анчелоти е последниот во низата тренери, кој по освојувањето на титулата во Лигата на шампионите си заминува од клубот со кој станал европски првак и тоа најдолго во рок од една година. Анчелоти со Реал Мадрид лани се искачи на врвот на Европа освојувајќи ја популарната „Ла десима“, или десеттата европска круна на Реал Мадрид во КЕШ, или ЛШ.
Пред него истата судбина ја доживеаја Роберто ди Матео со Челси, Јуп Хејнкес со Баерн, Жозе Мурињо со Интер и Пеп Гвардиола со Барселона. Поголемиот дел од овој квинтет сами решија да ја семнат средината или, како во случајот на Хејнкес, да се пензионираат, а Анчелоти и Ди Матео беа принудени да си заминат од клубовите со кои го освоија европскиот врв.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мутко во свој стил: Русија има тренери кои не знаат да работат без допинг
-
Тренери кои допрва ќе бидат во центарот на вниманието: Топ 10 идни менаџери (Видео)
-
Груевски: Ќе обезбедиме врвни тренери од странство да работат во спортските академии во Македонија
-
Тренерите во НБА избраа, без браќата Гасол, Данкан, Новицки на олстар-викендот