Заменик Премиерот на Русија Виталиј Мутко во свој стил, без влакно на јазик, посочи директно кој е виновен за лошата состојба во руската атлетика и серијалот обвинувања за допинг.
– Имаме многу тренери што не знаат да работат без допинг. Направивме реформи, а за ваквите случаи препорачувам да одат во пензија и со тоа да и помогнат на руската атлетика. Реформите се почнати и нема застанување – вели заменик Премиерот на Русија.
Порано Мутко беше и претседател на фудбалскиот сојуз на Русија, потоа и Министер за спорт, па добро ги познава состојбите во рускиот спорт.
Русија, која е велесила во атлетиката, сериозно заглави со дузина допинг скандали, а меѓународната атлетска федерација ја суспендираше оваа земја до ноември оваа година, со едногодишна забрана за упчество на сите натпреварувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.