| четврток, 6 декември 2018 |

Вечер посветена на Данил Хармс во МКЦ

На 27 мај, во 21 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи вечер посветена на рускиот писател Данил Хармс. Ќе се читаат негови дела, следени од музичка импровизација во живо, ќе биде изложена мала изложба на цртежи од неговите книги и цртежи инспирирани од неговите дела.
danil harms
Хармс е авангарден книжевник, сатиричар од раната советска ера, пишува песни, раскази, а се јавува и како детски писател. Целиот свој живот е оспоруван, прогонуван, затворан од советските власти. Повеќето негови дела се објавувани во тајност. Умира во 1942, а неговата невиност е призната во 1960 година.
Данил Хармс бенд е составен од: Бојан Петков – Шамба (гитара), Иво Солдатовиќ – Роко (кларинет), Јордан Костов (хармоника), Зоран Велковски (бас) и Владимир Лукаш (слајд уисл).
Извадоци од делата на Хармс ќе читаат Иван Шопов (читач и модератор), потоа Ѓоко Здравески, Елена Митреска, Жарко Иванов и Биљана Стојановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top