Грција годишно обезбедува 11 милијарди евра за здравствениот систем и таа цифра ја прави една од државите со најмали вложувања во таа област.
Дел од грчките медиуми јавуваат дека во одделни болници се враќаат пациенти со образложение дека нема основни средсва за работа меѓу кои и апарати за мерење крвен притисок.
Во еден случај од пациент било побарано да донесе од дома и чаршафи.
Хирург на обука во државна болница во Атина ја опишал состојбата дека е „пред експлозија“.
– Нема пари за ремонт на медицинската апаратура, нема пари за бензин на возилата за итна медицинска помош, нема пари ни за медицински сестри ниту пак за купување модерни хируршки апарати – вели лекарот за Тајмс.
Во април новата влада вети дека ќе се справи со несоодветните услови во државните болници и со корупцијата во здравствениот сектор. И покрај проблемите поради недостиг од пари, грчките власти ја укинаа задолжителната такса од пет евра за преглед во државни болници и ветија вработување на нови 4.500 здравствени работници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција