| четврток, 6 декември 2018 |

Почна третата лидерска средба

Штотуку почна третата лидерска средба на четирите најголеми политички партии во Македонија на чиј состанок се присутни, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи.

gruevski-i-popovski
И на денешната средба присутни се амбасадорот на САД, Џес Бејли и претставник на делегацијата на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

zaev-i-secerinska-5
Ова е трета средба помеѓу првите луѓе на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА а се случува по средбата на Груевски и Заев во Стразбур на 19.мај, на која тие преговараа повеќе од 10 часа.
По одржаните две средби до сега, политичките лидери немаат постигнато никаков договор за излез од политичката криза.

tachi

 

фото: Ѓорги Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top